Вишај Шривадханапраба, сопственикот на Лестер е меѓу жртвите на хеликоптерската несреќа, што се случи синоќа, непосредно по завршувањето на натпреварот со Вест Хем, дознава „Ројтерс“ од извор од клубот.
Освен 61-годишниот тајландски милијардер, во хеликоптерот биле и една од неговите две ќерки, двајца пилоти и уште едно лице, чиј идентитет засега не е познат. Не е познато дали некој ја преживеал несреќата.
A helicopter owned by Leicester City’s owner crashed and burst into flames seconds after taking off from the King Power Stadium.
Here’s everything we know so far: https://t.co/PGb2HeVT9h pic.twitter.com/lDvtBYnioW
— Sky News (@SkyNews) 28 October 2018
Хеликоптерот се урна набргу по полетувањето од теренот на стадионот „Кинг пауер“, еден час по завршувањето на мечот Лестер-Вест Хем. Тој паднал на паркингот во близина на стадионот.
Шривадханапраба го купи Лестер за 39 милиони фунти во 2010 година и во наредните години вложи повеќе од 700 милиони во екипата и стадионот. Тоа целосно му се исплатеше во 2016 година, кога Лестер сензационално ја освои шампионската титула, откако една сезона порано играше во втората лига.
Тој важеше за петтиот најбогат човек во Тајланд и „Форбс“ го процени неговото богатство на 3,8 милијарди фунти, кое потекнува од синџирот дјути фри шопови, обединети во компанијата „Кинг пауер“.