Швајцарскиот тенисер Станислас Вавринка е елиминиран во второто коло на тенискиот гренд-слем турнир Вимблдон. Тој денеска во меч кој траеше три часа и 15 минути загуби во пет сета од 63-от светски тенисер, Американецот Рејли Опелка со 3-2 (7:5, 3:6, 4:6, 6:4 и 8:6).
Мечот изобилуваше со пресврти. Швајцарскиот ас тесно го загуби првиот сет, по што прилично убедливо славеше во вториот и третиот.
Кога сите на трибините помислија дека фаворитот на мечот ќе стигне до нова победа, Американецот кој е висок 211 сантиметри со 6-4 славеше во четвртиот сет и се избори за петти, решаавачки сет.
Тука имаше вистинскa драма, која имаше среќен крај за Опелка. Негов ривал во третото коло ќе биде подобриот од дуелот Раониќ – Хасе.
Во останатите дуели на машкиот дел од турнирот кои досега завршија Паире го победи Кецмановиќ кој по водството од 2-0 на противникот го предаде мечот.
Чехот Јиржи Весели повторно совлада фаворит на турнирот. Славеше со 3-1 против Уругваецот Куевас. Русинот Медведев немаше проблеми со Попирин, победа со 3-1, а Белгиецот Гофин експресно во три сета славеше против Французинот Шарди.