Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Данило Брестовац, денеска во хотелот Александар Палас во Скопје ги собра своите избраници за реализација на последната мисија од квалификациите за пласман на Европското првенство 2020 година, што ќе се игра во Австрија, Норвешка и Шведска.

Повредите на Дејан Манасков и Стојанче Стоилов ќе бидат мал хендикеп за селекторот и македонскиот национален тим, кој ја има улогата на фаворит во двата претстојни натпревари со селекциите на Турција во гости (во среда 18 часаот) и со Грција (во недела 18 ч.) на домашен терен во Струмица.

-Победа во двата меча е нашата единствена цел. Нема да бегаме од улогата на фаворити иако имаме мали проблеми. Во комплетен состав ќе одработиме само четири тренинзи, но тоа е тоа. Манасков нема да може да настапи поради повредата на мускулот, а ќе видиме како ќе биде ситуацијата со Стоилов. Ќе анализираме, ќе се подготвиме и таму ќе одиме со единствена цел – победа, за освојување на првото место во групата. Затоа во Турција мора да одиграме многу подобро отколку во првиот меч во Битола – изјави селекторот Данило Брестовац.

Та.Д.