Боксери од Македонија, Србија, Романија, Полска, Словенија, Албанија, Бугарија и од Косово ќе настапат на традиционалниот 48-ми по ред меѓународен турнир „Златен гонг“, кој по повод 13 ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ќе се одржи утре и в сабота во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
За утре се предвидени 14 полуфинални борби (почеток од 17 ч.), а в сабота се деветте финални борби (со почеток од 12 ч). За Македонија ќе настапат осум боксери Организатор на оваа спортската манифестација е Боксерската федерација на Македонија (БФМ), под покровителство на Агенцијата за млади и спорт (АМС).