Светскиот боксерски првак во средна категорија, Мексиканецот Саул Канело Алварез (28), го потпиша највредниот договор во светот на спортот. Тој има обврска во следните пет години (до 2023-та), да одбоксува 11 меча, за што ќе добие најмалку 365 милиони долари!
Овој договор на Алварез го надмина оној на бејзбол-играчот, Американецот Џанкарло Стантон (28), кој во 2014 година како играч на Мајами марлинс (од годинава е во Њујорк јенкис) потпиша 13-годишен договор вреден 325 милиони долари.