Најдобриот српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше среќен што по драматичен меч со Шпанецот Рафаел Надал влезе во финалето на Вимблдон.
– За овие мечеви се живее. Среќен сум што го пребродив периодот на повреди и се вратив на ваков начин. Малку време имав за одмор. Јас сум толку среќен што успеав да победам и да стигнам до финалето, изјави Ѓоковиќ.
Србинот утре во финалето ќе игра со Кевин Андерсон од Јужна Африка.
– Се надевам дека пред се ќе можеме да играме со оглед на заморот од маратонските полуфинални дуели. За мене ова е неверојатно достигнување по сето она што го доживеав.
Финалето на Вимблдон е утре со почеток во 15 часот.