ФИДЕ-мајсторот (ФМ) Љубомир Хаџи-Манев (2.032 рејтинг-поени) го освои одличното 11-то место, а ФМ Роберт Велески (2.200), 15-то на 3-от шаховски турнир во Хрватска „Шолта опен 2019“ за играчи со рејтинг до 2.300 поени. По девет кола Хаџи-Манев, кој пред почетокот беше рангиран на 40-то место, освои шест поени (пет победи, по две ремија и пораза), нови 44,4 рејтинг-поени, како и втората награда (150 евра) во категоријата ветерани над 60 години.
Велески, пак, кој беше рангиран 16-ти, освои со 5,5 поени (две победи и седум ремија, без пораз), но загуби 18,2 рејтинг-поени. На турнирот настапија 79 шахисти (четворица интернационални мајстори, ИМ, 14 ФМ, 1 ЖИМ, 13 мајсторски кандидати, МК) од 14 држави, а победи ИМ од Хрватска, Златко Мартиќ (2,272, рангиран на осмото место пред турнирот) со седум поени.
Двајцата Македонци настапија и лани на овој турнир, но тогаш постигнаа послаби резултати. Велески (рангиран на 26-то место) заврши на 43-то место со пет поени, а Хаџи-Манев (рангиран на 63-то место) беше 64-ти со 4,5 поени, меѓу 114 шахисти (5 ИМ, 2 ЖИМ, 20 ФМ, 20 МК) од 13 држави. На првиот турнир, пак, во 2017 година, Велески (рангиран на 28-то место), беше 14-ти со шест поени.