Ова ќе биде трета трка во Баку, каде што со 6.003 метри патеката е втора најдолга во Ф1-серијата (зад „Спа“) и главно се вози под морското ниво

По три трки во Формула 1, се чини на прагот е највозбудливата сезона последниве години. Утре на ред е четвртата, градската трка во Баку (Азербејџан).
По трките во Австралија, Бахреин и во Кина, Себастијан Фетел од Ферари води со 54 поени, пред Луис Хамилтон со 45 и Валтери Ботас со 44, двајцата од Мерцедес, кој, пак, е во водство меѓу конструкторите, со 85 бода, еден повеќе од Ферари, а на третото место е Ред бул со 55 бода.
Во првите две трки сезонава славеше Фетел (прво пред Хамилтон и Кими Раиконен од Ферари, а потоа пред Ботас и пред Хамилтон), а на третата Даниел Рикиардо од Ред Бул (втор Ботас, трет Раиконен).
Ова ќе биде трета трка во Баку, во 2016 година победи сега пензионираниот Нико Розберг, а лани славеше Рикиардо. Со 6.003 метри патеката во Баку е втора најдолга во Ф1-серијата (прва е белгиската патека „Спа“со 7.004 м) и главно се вози на височина под морското ниво.


ПЛАСМАН НА ВОЗАЧИ

Себастијан Фетел (Ферари) 54
Луис Хамилтон (Мерцедес)  45
Валтери Ботас (Мерцедес)   40
Даниел Рикиардо (Ред бул) 37
Кими Раиконен (Ферери)     30