Сања Трајковска

Променлив успех на македонските шаховски репрезентации против ист противник на 23. Европско екипно првенство (ЕП), кое во девет кола се одржува во Терме Чатеж (Словенија). Машката репрезентација (рангирана 33-та пред почетокот), го доживеа и третиот пораз, овојпат од втората селекција на Словенија (рангирана 34-та) со 1-3, додека пак, женската репрезентација ја на Македонија (рангирана 31-ва), ја совлада втората селекција на Словенија (рангирана 26-та) со 3-1.

Мажите денеска остварија две поединечни ремија и два пораза, додека жените впишаа три победи и еден пораз. Цел поен против посилно рангираните ривалки, освоија ЖФМ Моника Стојковска, Ивана Манова и Сања Трајковска, која по 20 години повторно игра на ЕП.

По три одиграни кола македонските шахисти со три порази (три поена по табли), се на 38-то место во конкуренција на 39 селекции, додека шахистките се на 13-то место со една победа и еден поразд, додека во 1-то коло беа слободна или вкупно имаат три бода (6,5 поени по табли), меѓу 31-на селекција.

Во утрешното 4-то коло, шахистите ќе играат со Исланд (рангиран 27-ми), додека шахистките со силната Унгарија (рангирана 11-та). На ЕП 2021 се пријавени 39 репрезентации со 193 шахисти (127 ВМ, 37 ИМ), а кај шахистките 31 држава со 154 шахистки (11 ВМ, 23 ЖВМ). Русија (мажи и жени), која го брани златото е рангирана на првото место.

Резултати 3-то коло

МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА (2) 1-3

ИМ Филип Панчевски (2.490) – ИМ Јан Субељ (2.458) 0-1

ИМ Никола Николовски (2.401) – ФМ Вид Добровиоњц (2.414) реми

ИМ Тони Лазов (2.393) – ФМ Брилеј Јака (2.341) реми

Филип Михов (2.255) – ФМ Давид Стеваниќ (2.318) 0-1

СЛОВЕНИЈА (2) – МАКЕДОНИЈА 1-3

ЖИМ Ивана Хрешчак (2.138) – ЖФМ Моника Стојковска (2066) 0-1

ЖФМ Шпела Коларич (2.178) – Бојана Бејатовиќ (2031) 1-0

Пија Марие Ружич (2.049) – Сања Трајковска (1.960) 0-1

Весна Михелич (1.912) – Ивана Манова (1.809) 0-1

Г.И.