Адријана Поп Арсова оствари историски резултат во маратон. На трката во Подгорица, Црна Гора, таа делницата од 42,195 метри успеа ја истрча под три часа, 2:59,33, што е нов рекорд на Македонија.
Пред две недели на маратонот во Ајндховен, Холандија, таа забележа време од три часа и 37 секунди. Тоа постигнување беше подобро за повеќе од четири минути од нејзиниот поранешен државен рекорд (3:05,04 часа), поставен на Скопскиот маратон на 6 мај годинава. Тоа беше најава дека во скоро време од неа може да се очекува трка под три часа што се оствари во Подгорица.
Поп Арсова (28), која е членка на атлетскиот клуб (АК) Делта од Скопје, е актуелна државна рекордерка и во полумаратон, 1:24,34 час, забележан лани во октомври во Подгорица, Црна Гора, како и на 10.000 метри на сертифицирана улична трка, во Скопје, 38,28 минути.