Емил Павлов во машка и Ангела Мојсовска во женска конкуренција се најдобрите каратисти-сениори на Македонија за минатата 2018 година во изборот на Карате-федерацијата на Македонија (КФМ).
КФМ ги прогласи и другите најдобри поединци по категории. Така, во кати кај сениорите најуспешни се Пуликсенија Јовановска и Фери Исиќ. Кај помладите сениори најдобри се Матеја Талеска и Јован Васиќ (кати) и Вероника Костовска и Петар Спасеноски (борби).
Кај јуниорите доминираа Владанка Аврамова и Александар Неделковски (кати) и Маја Милева и Фаик Весели (борби). Најдобри кадети се Јована Начевска и Кристијан Бајовски (кати) и Магдалена Божиновска и Марио Свинарски (борби).
Најуспешен клуб кај сениорите е Штип, кај младинците Олимпик спорт 2007 од Скопје. Најдобар тренер во сениорска конкуренција е Сашо Арсовски, а во младинска конкуренција Александар Кузмановски.