Татамите во Париз не беа среќни за седумината македонски претставници на Олимпискиот квалификациски турнир, кој претставуваше и последен филтер за оние каратисти, кои сакаа да обезбедат олимписка норма, односно да бидат дел од Летните олимписките игри (ЛОИ) во Токио (23 јули-8 август).
Викендов во Париз во жестока конкуренција, таква можност имаа, но успеаја да ја искористат, двократниот европски првак и двапати трет Емил Павлов (категорија до 67 кг), поранешниот европски вице-шампион Берат Јакупи (над 75 кг), носителот на европско сребро (јуниори) и на бронза (постари јуниори до 21 години) Петар Заборски (до 75 кг), Ангела Мојсовска (над 61 кг), освоено петто место на ЕП, Симона Заборска (до 55 кг), освоено седмо место на ЕП и Вероника Костовска (над 61 кг), поранешна европска шампионка во кадетска конкуренција, сите во борби, како и Пулексенија Јованоска во кати, која двапати беше петта на ЕП.
Јованоска во Париз беше седмопласирана во својата група од 11 натпреварувачки, додека од останатите македонски каратисти, по една победа остварија Павлов, Заборски, Костовска и Мојсовска. Најбилиску до норма беше Јакупи, кој забележа три победи против Американцот Брајан Ир (3-0), Црногорецот Никола Маловиќ (1-0) и Гркот Георгиос Цанос (5-0), но загуби минималмно (0-1) од Унгарецот Даниел Молнар.
Само носителите на медали (злато, сребро и бронза), можеа да бидат дел од ЛОИ, по три категории во борби (мажи и жени), како и една во кати (мажи и жени). Вкупно 24 претставници од 21 држава изборија пламан во Токио, од кои Турција, Казахстан и Германија по двајца.
Досега норми за настап на ЛОИ од македонските спортисти, обезбедија Магомедгаџи Нуров (борење слободен стил), Дејан Георгиевски (таеквондо) и Борјан Бранковски (стрелаштво). Г.И.