Додека физичкото растојание помага да се спречи ширењето на коронавирусот, ограничувањето на контактот помеѓу луѓето доведува до осаменост. Но, за среќа, домашните миленици се совршен лек за тоа.
Докторката Џенет Јанг, која предава здравствени науки на Универзитетот во Јужна Австралија, смета дека домашните миленици може да бидат одговор на недостигот од допир. Нашите блиски и грижливи врски со животните може барем делумно да ја пополнат празнината што денес ја доживуваат многу луѓе.
– Ковид-19 ни откри колку луѓето имаат потреба од допир за да останат психички стабилни. Наоѓањето начини да се задоволи гладот за допир и да не се лишат луѓето од допир е една од основните лекции од 2020 година – вели Јанг.
Јанг предводела тим истражувачи што ги испитувале придобивките од поседување домашни миленици за време на пандемијата. Од 32 учесници, повеќе од 90 проценти рекле дека допирањето на миленичињата им дава утеха, релаксација и задоволство.
Од друга страна, многумина ја забележале способноста на нивните миленици дека „знаат“ кога тие не се чувствуваат добро, па затоа им приоѓале и им давале поддршка.