Кучињата се особено подложни на каснување од крлежи и на болести што тие ги пренесуваат, па затоа е потребно да се преземат сите мерки за да се заштити вашето домашно милениче од потенцијални здравствени последици. Од превентивна вакцинација до секојдневни прегледи, ви предлагаме неколку начини што можат да помогнат во спречување несакани последици.
Избегнувајте живеалишта на крлежи: крлежите живеат во густи, пошумени вегетативни области, обраснати со грмушки и ливади со густа трева. Тие имаат сензори за топлина што можат да ја детектираат телесната топлина што ја емитува кучето и многу лесно се закачуваат на крзното и ползат по површината на кожата. Затоа, потрудете се при шетање, кучето да се движи по патека и избегнувајте густа вегетација.
Секојдневно проверувајте го крзното на вашето куче: обрнете особено внимание ако кучето било надвор, бидејќи тие имаат тенденција да собираат многу повеќе крлежи отколку луѓето. По прошетката, задолжително исчешлајте го нивното крзно и истовремено проверете ја кожата. Не заборавајте да проверите помеѓу прстите, зад и внатре во ушите, стомакот и деловите околу опашката и главата.
Употребувајте инсектициди: кога станува збор за употреба на инсектициди, постојат различни методи, од употреба на спрејови до ремчиња. Обидете се да нанесете инсектицид директно на кожата на вашето куче за долготрајна заштита. Ова е можеби најлесното решение, а единечна доза ќе го заштити вашето куче од 30 до 90 дена. Ремчињата против крлежи се исто така ефикасни и релативно ненаметливи, а треба да се менуваат на секои три-четири месеци. Многу ремчиња содржат пестицид што е безбеден за кучињата и убива крлежи без да му наштети на кучето.
Шампон против болви и крлежи: овие производи се првенствено дизајнирани да го ослободат вашето домашно милениче од крлежот што веќе го има врз него, иако некои шампони имаат долготраен ефект.