Иран ќе забрани поседување миленици
Иранската влада има намера законски да забрани поседување куче и мачка како домашно милениче, како и тоа граѓаните да шетаат кучиња на јавен простор. Ова е предлогот на радикално конзервативните политичари. Тие што ќе го шетаат кучето ќе бидат строго санкционирани, а на оние што ќе го возат во автомобил ќе им биде одземено возилото три месеци.
Ќе биде забрането издавањето куќи и станови на сопственици на кучиња и мачки. Покрај верските причини, овој предлог се оправдува и со тоа што кучињата предизвикуваат паника во јавниот простор.
Полицијата неколкупати досега се обидела да воведе вакви забрани, но безуспешно. Сега е веројатно дека забраната ќе стане закон.
Во последниве години има сѐ повеќе млади Иранци што имаат кучиња и/или мачки како домашни миленици. Како резултат на тоа, има сѐ повеќе ветеринарни клиники, како и продавници за материјали за домашни миленици, пишува „Дејли Сабах“.