Арите и амазонските папагали не смеат да бидат запоставени. Ти посебно се врзуваат за еден член од семејството. Тие во исто време се најомилени домашни миленици меѓу папагалите. Нивна татковина се Јужна и Централна Америка. Живеат, пред сè, во тропските шумски области и се хранат со разновидни плодови и семки. Гнезда прават во големи шуплини на дрвјата. Од таму домородците ги земаат младенчињата кога треба да полетаат и ги припитомуваат. Така, папагалите што доаѓаат од Латинска Америка веќе се припитомени или полуприпитомени птици. Поради тоа, овие птици на своите сопственици во повеќето случаи не им создаваат тешкотии и многу брзо се навикнуваат на новата околина. Најчесто веднаш засакуваат еден член од семејството. Често се тврди дека мажјаците особено се наклонети кон жените, а женките покажуваат симпатија кон мажи, но тоа најчесто не е точно. Поголема е веројатноста дека ги привлекува човек чиј глас е сличен на гласот на лицето што ги одгледувало и припитомувало.
Храната за големи папагали треба да биде разнообразна. Не е доволно да им се даваат само семе од сончоглед и кикиритки, туку треба и пченица, овес, пченка. Овие птици особено ги сакаат полузрелите пченки. Потоа треба да им даваме и зрели, слатки плодови. Арите се големи шарени птици, долги од 80 до 90 сантиметри. Тие сакаат да зборуваат и да пеат, а можат и да се обучуваат. За жал, нивното сјајно перо и социјалниот начин на живот ги прават лесна плен за ловците, па неколку вида од папагалот ара исчезнаа во подрачјето на Карибите.
Но оној што сака во својот дом да донесе ара или амазонски папагал треба прво да размисли дали ќе може да ѝ посвети доволно време на оваа интелигентна птица. Тие не смеат да се запоставуваат, бидејќи им е неопходно друштво, инаку ќе угинат. Овие птици живеат многу долго и многу се приврзани за сопственикот, па треба да се гледаат како на член на семејството и да се третираат на соодветен начин.