Фото: Пиксабеј

Постојат многу раси на кучиња што едноставно уживаат да се веселат во вода, особено во текот на летото. Се разбира, ако вашето куче сака вода, природно е да размислите дали треба да му дозволите да плива во базен. Но важно е да се внимава затоа што водата со хемикалии од базенот може да му предизвика стомачни проблеми на вашето милениче. Затоа по секое капење во базен, треба да го истуширате кучето со обична вода со цел хемикалиите, кои може да останат на кожата, да не му предизвикаат иритација.

Исто така количеството нечистотија и честички што кучето ги носи со себе во базенот се трипати поголеми отколку кога човек ќе влезе во него. Кучињата имаат многу повеќе влакна од луѓето, така што секое мртво влакно ќе заврши во водата во базенот. Ова влијае на системот за филтрирање и хемиската рамнотежа на водата. Кучешките влакна исто така содржат многу остатоци како нечистотија, полен, па дури и фекални материи, кои навлегуваат во водата во базенот додека пливаат. Паразитите и бактериите, исто така, можат да ја контаминираат водата и да влијаат на луѓето што се капат во истиот базен.

Можете да ги намалите негативните ефекти со тоа што ќе бидете сигурни дека вашето куче е чисто пред секое пливање во базенот. Редовно средувајте му ги ноктите, капете го и добро четкајте му го крзното, особено ако многу му опаѓа. Пред да го пуштите вашето куче во базен, добро исчеткајте го и потоа исплакнете го со вода. Ова ќе го намали количеството отпад што го носи со себе кога влегува во базен.