Животни
Околу 200 вируси што предизвикуваат настинка не се заразни за домашните миленици, вклучувајќи ги кучињата, мачките, птиците, влечугите, водоземците и рибите, пишува „Инсајдер“.
Причината за ова лежи во фактот дека вирусите што предизвикуваат настинки кај луѓето се специфични за овие видови. Со други зборови, во случај на настинка, тие може да заразат само луѓе.
Вирусот е како клуч што се вклопува во рецептор, т.е. мора да се поврзе со рецепторот од надворешната страна на клетката за да влезе и да ја ослободи инфекцијата. Тие рецептори генерално варираат од вид до вид, што значи дека одредени видови може да немаат рецептор што му е потребен на одреден вирус во организмот што ја запира инфекцијата пред да започне.
Иако постојат многу болести што се потенцијално заразни меѓу луѓето и животните, обичната настинка не е меѓу нив.
Меѓутоа, иако миленичињата се безбедни од настинка што ги инфицира луѓето, тие може да добијат своја верзија на настинка. На пример, кај кучињата има кучешки грип, симптомите се слични на оние што се забележуваат кај луѓето, вклучувајќи кашлање, кивање, течење на носот и треска. Кај мачките, пак, инфекциите на горниот респираторен тракт најчесто се предизвикани од вирусот на херпес, калицивирусот, и често имаат симптоми на кивање и течење на носот, а може да имаат треска и намален апетит.