Животни
Доколку ја пуштате вашата мачка редовно да излегува, многу е веројатно дека таа при враќањето дома веќе неколкупати ви го донела својот улов. Истражување на списанието „Нејчрал комјуникејшнс“ открива зошто го прават тоа.
И покрај фактот дека тие најверојатно само спијат или си играат во куќата, многу е веројатно дека ако ги пуштите надвор, тие целосно ќе се предадат на својот ловечки инстинкт и ќе се обидат да го фатат својот плен.
Мачките се многу паметни предатори и со своите остри заби и канџи лесно можат да се прикрадат по својот плен. Имаат многу развиен ноќен вид и се неверојатно брзи и агилни.
Ловот е вештина што ја учат од нивната мајка, која им носи мртви животни, а подоцна и полуживи – за да можат мачињата да ја „завршат работата“. Кога мачињата ќе пораснат, мајката ќе ги земе со себе на лов. На овој начин ги учи да преживеат во дивината.
Набљудувајќи го овој процес, експертите заклучиле дека мачките им го носат уловот на своите сопственици со цел да ги нахранат или да им се заблагодарат за грижата. Тој „подарок“, како што многумина го нарекуваат, обично се мртви птици, глувци или слични помали животни.