Животни
Музичката платформа „Спотифај“ направи избор на музика што кучињата може да ја слушаат во отсуство на нивните сопственици, бидејќи се открило дека речиси 74 отсто од британските сопственици на своите миленици им пуштаат музика.
Шведскиот дигитален музички сервис за аудиостриминг објави дека почнале да објавуваат смирувачка музика, говорни пофалби за домашни миленици, приказни и афирмирани изјави што ги кажуваат актери, а сето тоа за да им се намали стресот што го чувствуваат кучињата додека се оставени сами дома.
„Спотифај“ исто така им нуди на корисниците и список на музика избрана од алгоритми за да одговараат на карактерот на миленикот, дозволувајќи да се избере побавна или пожива музика.
Според податоците на музичката платформа, се покажало дека еден од четворица сопственици на кучиња им пушта музика додека е далеку од дома, а 42 проценти рекле дека нивните миленици имаат омилен вид музика.