Здрава храна
Нутриционистката Лиза Гај сподели многу важните правила што ќе ви помогнат да останете вити и здрави во студените зимски денови.
Внимавајте со белата храна: храната со јаглехидрати, како колачи, ориз или леб, е многу вкусна, но го забрзува дебелеењето. Треба да избегнувате и кисело млеко, путер и разни полномасни сирења, бидејќи содржат многу калории и заситени масти.
Најмалку два литри вода на ден: луѓето често забораваат на внесувањето вода во текот на зимата, а добрата хидратација е задолжителна во текот на целата година. Пијте два литра вода дневно, а можете да пиете и билни чаеви.
Јадете протеини во секој оброк: еден од најдобрите начини за одржување на тежината е да јадете квалитетни протеини со малку маснотии во секој оброк. Храната богата со протеини има низок гликемиски индекс, кој го стабилизира нивото на шеќер во крвта. Здрави протеини се јаткастите плодови, семките, мешунките, јајцата, рибата и пилешкото месо.
Овошје и зеленчук: половина од внесеното количество храна треба да се базира на овошје и зеленчук, пред сѐ поради големото количество важни витамини и минерали, како што се витамините А и Ц, фолатите, железото и калциумот.
Чорба пред вечера: мала порција нискокалорична супа пред оброк ќе биде ваш сојузник и не само што ќе ја внесете потребната доза зеленчук туку и ќе го намалите внесувањето храна и калории од главното јадење.