Липата е омиленото дрво на Старите Словени што најчесто се користи за приготвување чај за ублажување анксиозност, напнатост, олеснување на тегоби во менопауза, како и за помош при артериосклероза и хипертензија.
Старите Словени знаеле за моќните лековити својства на цветот и кората на билката многу пред времето на модерната медицина, а особено го користеле чајот од липа како лек против разни болести како што се главоболка, грип, анксиозност и желудочни тегоби.
Древните лекари и исцелителите знаеле дека оваа благотворна билка поттикнува потење, со што се намалувале високите температури кај болните. Чајот од липа може да го пијат и деца, а може да се користи и како додаток за бебешки бањи против грчеви. Фитотерапевтите им го препорачуваат овој напиток и на жени во менопауза за ублажување на тегобите како што се нервоза и несоница, а поволно влијае и за ПМС.
Липата особено благотворно дејствува во случај на атеросклероза (затнати артерии) и хипертензија, како антикоагулант, спречува згрутчување на крвта, а истовремено дејствува како антисептик.