Фото: Пиксабеј

Здрава храна

Ако барате намирница што ќе го зајакне вашето здравје, а притоа и ќе ги поттикне варењето и слабеењето, лековитата поточарка е зеленчук што вреди да се додаде на менито. Лековитата поточарка можеби не е првиот зеленчук што ќе го ставите на списокот за купување, но оваа горко-лутка билка е полна со нутриенти и здравствени придобивки, кои апсолутно не треба да се занемаруваат.
Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести, лековитата поточарка во 2024 година е прогласена за најздрав зеленчук на пазарот, дури пред спанаќот, токму поради својата неверојатна нутритивна вредност. Освен што е поевтина од спанаќот – пакување од 100 грама чини помеѓу три и пет долари – оваа зелена салата помага за здравјето на срцето, го поддржува слабеењето и може да го намали ризикот од развој на рак, велат нутриционистите. Таа припаѓа во групата зеленчуци заедно со брокулата, карфиолот, кељот и ротквичката, а најчесто се јаде како додаток на оброкот во форма на салата. Ова растение содржи изобилство на витамин Ц и витамин А, кој го штити видот.