Здрава храна
Бананите се дефинитивно вид овошје што најбрзо скапува. Сепак, постојат неколку трика со кои можете да го продолжите нивниот рок на траење.
Бананите вообичаено можат да траат од два до шест дена. Доколку имате кука на ѕидот од кујната на која можете да ги закачите, задолжително направете го тоа, бидејќи ќе спречите појава на црни дамки, кои вообичаено се појавуваат кога бананите се наредени една врз друга.
Исто така, треба да ги чувате подалеку од сончева светлина. Можете да ги исечете и потоа да ги „прелеете“ парчињата со малку сок од лимон, што ќе го намали нивото на пеха-вредноста и ќе го продолжи нивното времетраење. Потоа можете да ги завиткате во кујнска фолија, да ги ставите во херметички сад или ќесе за чување храна и да ги чувате во фрижидер. Така ќе останат свежи уште три или четири дена.
Можете да ги ставите и во замрзнувач, но најдобро е претходно да ги излупите и исечете. Ставете ги парчињата на чинија со хартија и потоа ставете ги во замрзнувач. Откако ќе замрзнат, префрлете ги во пластично ќесе или во сад. Овој чекор не е неопходен, но ќе спречи да се залепат парчињата банана.