Фото: Пиксабеј

Здрава храна

Направете природен сок што може да ви помогне да се ослободите од мастите што ве мачат, кој ќе го стимулира варењето и ќе ви даде енергија за да го започнете денот. Ако сакате брзо, но на здрав начин да се ослободите од вишокот килограми, тогаш овој сок е вистинското решение за вас. Секако, освен пиењето на овој сок, многу е важен и начинот на кој се храните. Треба да ја нормализирате вашата исхрана, да јадете здрава храна, како овошје, зеленчук и житарки, и да избегнувате шеќер.
Елиминирањето на шеќерот од вашата исхрана ги намалува апетитот и нивоата на инсулин и ќе ослабете без воопшто да чувствувате глад. Особено е корисен зеленчукот: зелката, доматите, карфиолот, брокулата, спанаќот, блитвата, краставиците и зелената салата, како и „посното месо“, како што се пилешкото, телешкото и рибата.
За овој сок за слабеење се потребни: 1 краставица, 3 прстени од ананас, шолја листови магдонос и стапче целер. Ставете ги сите состојки во блендер, потоа сомелете ги и оставете го тоа да отстои 15 минути. Најдобро е сокот да го испиете наутро, на празен стомак. Не додавајте шеќер или вештачки засладувач. Важно е да го пиете свеж, за да не ги изгуби своите својства.