Фото: Пиксабеј

Здрава храна

Во согорувањето на масните наслаги можеме да си помогнеме со разни природни пијалаци. Еден од нив е направен од само три состојки, а многумина тврдат дека помага во забрзување на метаболизмот и подобрување на варењето. Сето ова, заедно со изборот на здрава храна, може да помогне да се забрза топењето на масните наслаги. Доколку и вие сте на пат да го изгубите вишокот килограми што ве мачи, добро време е да направите пијалак што може да ви помогне.
Неопходно е: зелен чај, стапче цимет и лавров лист. Сварете 800 мл вода, па тргнете го тенџерето од шпоретот и додајте едно стапче цимет, 4 лаврови листа и една лажица зелен чај. Оставете го да отстои 15 минути, а потоа процедете го и вашиот пијалак е готов.
Како се користи? Најдобро е да се пие трипати на ден. Првата шолја по будењето, на празен стомак, втората веднаш по појадокот и третата пред спиење.