Здрава храна
Одредени здрави намирници помагаат да имате подобар сон. Доколку имате проблеми со спиењето и сакате да се разбудите навистина одморени, можеби е време да обрнете внимание на тоа што јадете и пиете. Некои секојдневни намирници може да го подобрат квалитетот на сонот и да направат следното утро да се чувствувате поздраво од вообичаено.
Издвојуваме неколку предлози што навистина функционираат.
Млеко: Млекото е вистинско мало чудо за сон. Богато е со калциум и триптофан, аминокиселина што му помага на телото да произведува мелатонин – хормон на спиење. Ако испиете чаша топло млеко пред да легнете, ќе се опуштите и веројатно побрзо ќе заспиете.
Бадеми: Бадемите се одлични за релаксирање на мускулите благодарение на магнезиумот што го содржат. Доволно е да изедете неколку бадеми пред спиење и ќе му помогнете на телото да се смири и да се подготви за мирен ноќен одмор.
Чај од камилица: Чајот од камилица е класика за мирен сон. Тој смирува, ја намалува анксиозноста и му помага на мозокот да се опушти. Покрај тоа, антиоксидантите во камилицата имаат благо седативно дејство, што значи дека полесно ќе заспиете.
Киви: Нешто што можеби не сте знаеле е дека кивито е одлично за добар сон! Кивито е богато се со антиоксиданти и серотонин, па може да го подобри вашиот сон. Покрај тоа, добро е за варење и за крвниот притисок, а дури им помага и на луѓето со астма.
Ореви: Уште еден одличен јаткаст плод се оревите. Тие содржат мелатонин, што директно му помага на телото да го следи природниот циклус на спиење. Доволно е да изедете грст ореви пред спиење и телото полесно ќе потоне во сон.

































