Фото: Пиксабеј

Здрава храна

Експертите откриваат што можете да јадете навечер без грижа на совест. Ако не можете да си легнете со празен стомак, некои видови храна и пијалаци што согоруваат масти би можеле да ги консумирате навечер… Тие не само што се дозволени во доцните часови туку можат да помогнат во согорувањето на мастите додека спиете. Со правилен избор, вечерната ужина може да стане сојузник на губењето тежина, а не пречка. Како што истакнува Сахар Бургис, медицинска сестра, по 45-годишна возраст метаболизмот се забавува, но изборот на вистинска храна пред спиење и усвојувањето дневни навики шо помагаат во стабилизирање на шеќерот во крвта, го поддржуваат варењето и го намалуваат воспалението, можат да направат значителна разлика.
1. Чај од цимет и кардамон
Циметот не е чудотворна алатка за слабеење, но дефинитивно може да помогне. Чајот од цимет и кардамон не е само вкусен туку помага и во согорувањето на мастите. Циметот се користи за слабеење од неколку причини, а во комбинација со кардамон е уште поефикасен. Помага во балансирање на шеќерот во крвта, го смирува нервниот систем и промовира релаксација пред спиење.
2.. Тврдо варено јајце
Јајцата се навистина една од природните суперхрани и идеална вечерна ужина за да се поттикне ситоста и да се согорат мастите. Тврдо варено јајце обезбедува протеини со бавно варење со цел да се одржи стабилен метаболизам и да се намали разградувањето на мускулите ноќе.
3. Чај од глуварче и цикорија
Чајот од глуварче може да биде корисен сојузник во губењето тежина, првенствено како поддршка за варењето, исфрлањето на вишокот течности и за регулирање на шеќерот. Чајот од глуварче и цикорија е прекрасен смирувачки вечерен билен пијалак што може да го поттикне губењето тежина.