Здрава храна
Мускатното оревче доаѓа од Индија, каде што има долга традиција во лекувањето, а неговите лековити својства се ценети и во современата фитотерапија. Затоа овој чудесен зачин и лек дефинитивно треба да се најде во вашата кујна. Со оглед на тоа што има антибактериско дејство, многу е ефикасен во лекувањето инфекции на устата и на непцата.
Мелениот плод го олеснува варењето, ги елиминира гасовите и се користи за лекување на внатрешните органи. Тоа го намалува нивото на холестерол и масти во крвта, а се препорачува и за спортисти, бидејќи ги опушта мускулите и целото тело и има смирувачко дејство. Мускатното оревче е познато и како моќен афродизијак, па еликсирите на база на овој зачин им се пропишуваат на мажи со ослабена сексуална функција. Кинеската и ајурведската медицина го користеле овој зачин уште од античко време, првенствено за дигестивни проблеми и гасови и за невролошкиот систем.
Со оглед на тоа што содржи големо количество калиум, тој е добар за поздраво срце, како и за регулирање на високиот крвен притисок.
Како зачин се користат и семето и лушпата на ова растение. Европската и азиската кујна не можат да се замислат без топлиот смолест и сладок вкус на мускатното оревче.
Кога Португалците ги откриле островите Банда во Индонезија во 16 век, тие го чувале во тајност изворот на мускатното оревче. Сто години подоцна, тие беа соборени од Холанѓаните, кои извесно време имале монопол на зачинот. Но, гулабите што им правеле друштво на морнарите ги носеле семките од дрвото на соседните острови и така зачинот се проширил.
Дневното внесено количество не треба да надминува три грама, бидејќи може да ги покаже своите негативни својства – психоактивен е и може да предизвика вознемиреност, па дури и слаби халуцинации, и затоа не се препорачува за лица со нарушено ментално здравје.