Фото: ЕПА

Здрава храна

Дијабетесот тип 2 (независен од инсулин) обично може да се контролира само со регулирање на телесната тежина. Научните истражувања покажуваат дека луѓето што го намалиле БМИ од 20 до 25 со соодветна исхрана, речиси целосно ги елиминирале сите симптоми на болеста.
Најдобрата диета за луѓето со овој тип дијабетес треба да содржи малку заситени масти и многу едноставни шеќери. Јадете малку, но често и добивајте многу храна со низок до среден ГИ (гликемиски индекс), како што се мешунките и овесната каша.
Најновите истражувања покажуваат дека овошјето и зеленчукот, витаминот Е и рибиното масло се особено корисни за дијабетичарите, бидејќи можат да ја спречат појавата на отпорност на инсулин.
Омега-3 масните киселини од рибата не само што се корисни за срцето и мозокот туку и штитат од астма, бидејќи имаат антиинфламаторно дејство на респираторниот тракт. Астматичарите треба да го намалат внесувањето сол и да го зголемат количеството магнезиум (коскесто овошје и спанаќ) и антиоксиданти (особено селен од цели зрна, витамини Ц и Е и каротин).