Фото: Пиксабеј

Здрава храна

Цвеклото, зеленчук што може да се најде во секој супермаркет, се покажа како изненадувачки ефективно во борбата против висок крвен притисок кај постарите лица. Ново британско истражување открива дека е доволно две недели секојдневно да се пие сок од цвекло за да се постигнат видливи резултати – а тајната лежи во нитратите што ги апсорбираат штетните бактерии во устата и ги прошируваат крвните садови.
Новото истражување покажува дека цвеклото може да биде ефикасно во намалувањето на крвниот притисок кај постарите лица. Сокот од цвекло може да го намали крвниот притисок кај лица постари од 60 години така што ги апсорбира потенцијално штетните бактерии во устата.
Како дејствува сокот од цвекло? Експертите од Универзитетот „Ексетер“ споредија реакции на помлади и постари возрасни на сокот од цвекло, кој е богат со нутритивни нитрати. Телото ги претвора овие нитрати во азотен оксид, супстанција што помага во опуштање и ширење на крвните садови и со тоа го намалува крвниот притисок.