Келерабата е зеленчук од фамилијата зелки. Најмногу се користи во Европа и во Азија, а својата популарност ја должи на големите здравствени бенефиции, кои ги нуди за човековиот организам.
Карактеристична е по долгите дршки и тркалезното дно, а може да се најде во виолетова, зелена или бела боја. Внатрешниот дел секогаш и е бело-жолт.
Нејзиниот вкус е сличен на оној на брокулата и зелката, иако е послатка. Се користи во салати и супи, но може да се консумира и печена.
Овој зеленчук е одличен извор на витамин Ц, па поради тоа е и моќен антиоксиданс, кој го штити телото од штетата од слободните радикали. Со тоа келерабата игра огромна улога во заздравувањето, апсорпцијата на железото и имунитетот.
Изобилството со Б6, освен што е одлично за имуниот систем, исто така е одлично и за производство на црвени и бели крвни зрнца.
Калиумот е минерал и електролит, кој е од голема важност за срцевото здравје и балансот на течности.
Околу 135 грама келераба задоволуваат 17 проценти од дневната препорачана доза растителни влакна. Растителните влакна ги поддржуваат здравјето и контролата на шеќерот во крвта.

Богата е со антиоксиданти

Келерабата има широк спектар на антиоксиданти, како што е витаминот Ц, антоцијанини, изотиоцијани и глукосинолати. Овие се состојки што ги штитат ќелиите од штетата од слободните радикали, кои, пак, се сериозна закана за развој на разни болести.
Растителните влакна во келерабата се поврзуваат со намален ризик од дијабетес, проблеми со метаболизмот и прерана смрт.
Виолетовата боја на келерабата доаѓа од нејзиното изобилство со антоцијанини, вид флавоноид што на одредени зеленчуци им ја дава виолетовата боја што, пак, се поврзува со намален ризик од развој на одредени видови канцер, срцеви болести и воспаленија.

Здрави црева

Келерабата е богата со растителни влакна. Можете да добиете 17 проценти од дневната препорачана доза растителни влакна, само ако изедете 135 грама келераба. Содржи растворливи и нерастворливи влакна.
Растворливите растителни влакна помагаат за одржување здраво ниво на шеќер во крвта и здраво ниво на холестерол. Оние што не се раствораат, заминуваат во цревата, каде што се од голема помош за регулирање на столицата и движење на цревата.
Растителните влакна се одличен извор на здрави бактерии, кои се многу важни за здравјето на цревата, а го штитат и срцето и го намалуваат ризикот од дебелина. Сите овие придобивки водат кон одличен имунитет.

Го намалува ризикот од срцеви болести

Келерабата содржи моќни растителни состојки наречени глукозинолати и изотиоцијанати, кои се главна состојка на овој вид зеленчук.
Поголемиот внес глукозинолати се поврзува со намален ризик од срцеви болести, додека зголемениот внес на изотиоцијанати се манифестира со намалување на ризикот од затнување на артериите.
Една студија направена меѓу 1.226 жени на 70 години или постари, покажала дека јадењето храна што изобилува со зелка, брокула и келераба за 13 проценти го намалува ризикот од срцеви болести.
Виолетовата келераба ги намалува крвниот притисок и ризикот од добивање инфаркт.
Храната богата со растителни влакна помага во заштитата од срцеви заболувања. Една студија покажала дека ваквата храна за 24 проценти го намалува ризикот од прерана смрт, споредено со храна со ниско ниво на растителни влакна.


Нутритивни факти

Келерабата е одличен извор на нутриенти. Околу 135 грама келераба содржи:
*калории – 36;
*јаглехидрати – 8 грама;
*растителни влакна – 5 грама;
*протеини – 2 грама;
*витамин Ц – 93 проценти од дневната препорачана доза;
*витамин Б6 – 12 проценти од дневната препорачана доза;
*калиум – 10 проценти од дневната препорачана доза;
*магнезиум – 6 проценти од дневната препорачана доза;
*манган – 8 проценти од дневната препорачана доза;
*фолна киселина – 5 проценти од дневната препорачана доза.

[email protected]