Храната што ја јадеме, односно молекулите што се создаваат кога ја вариме влијаат врз растот на бактериите во нашиот уринарен тракт. Затоа оние што имаат проблеми со уринарните инфекции би требало малку да ја приспособат својата исхрана.
Медицинските научници од Вашингтон го истражувале создавањето на уринарните инфекции. Тие уочиле дека урината на некои луѓе е поотпорна на бактериите затоа што внесуваат одредени супстанции од храната (директно или кои се резултат од варењето), вклучувајќи ги и железото и минералите потребни за растење. Хранливите состојки што му помагаат на телото во борбата против уринарните инфекции се наречени полифеноли. Тоа си силни антиоксиданти, а во дигестивниот систем се претвораат токму во тие супстанции што го спречуваат растењето на бактериите.
Намирници со големо ниво полифеноли се:
– свежи боровинки и сок од боровинки
– незасладен сок од брусница
– незасладен јогурт
– црн чај
– црно чоколадо
За да не ја намалите pH-вредноста на вашата урина и да им помогнете на бактериите да растат, во текот на инфекциите би требало да избегнувате газирани пијалаци и исхрана со големо ниво животински протеини.
Експертите нагласуваат дека и големите дози витамин Ц внесени низ вештачките додатоци во исхраната се исто така лоши, но затоа природните извори на тој витамин се многу пожелни. Тоа не значи дека морате да јадете само цитруси. Никако немојте да заборавите на зеленчукот богат со витамин Ц, како кељ, прокељ и брокула.
Освен витамин Ц, на вашиот уринарен тракт за борба против инфекциите му е потребен и витамин А, кој може да го пронајдете во морковот и дињата. Во својата исхрана задолжително внесете и лук, кој благодарение на своите силни антибактериски својства служи како природен антибиотик за разни облици на инфекции.
Добро е да знаете и дека сода бикарбоната помага при лекување уринарни инфекции.
Јајцата од јапонска потполошка се сметаат за енергетски бомби
Повеќе векови во јапонската и кинеската литература има студии и анализи за лековитоста на јајцата од јапонската потполошка за нивната високопротеинска и биолошка вредност. Од нив се добива повеќекратна корист за човековиот организам, особено за срцето, бубрезите, желудникот и мозокот. Исто така многу се корисни за децата во развој, за регенерација и подмладување на организмот, како и храна за диеталци. Од досегашната практика е утврдено дека терапијата со 120 јајца помага за лекување зголемен крвен притисок, чир на желудник, артериосклероза и неуредното варење. Терапијата со 240 јајца помага за лекување шеќерна болест, бронхијална астма, бронхитис, слабокрвност, мигрена, за спречување инфаркт на срцето, го намалува нервното растројство, го намалува холестеролот во крвта, придонесува за поубав тен на лицето, па дури го зголемува и памтењето. За лековитоста придонесува, покрај другото, и големиот процент витамини, минерали и аминокиселини.
Начин на употреба
Јајцата се земаат (пијат) наутро на празен стомак, 15-30 мин. пред јадење. Првите три дена се пијат по три јајца, а потоа по пет јајца. На деца им се дават 1-2 јајца дневно (во зависност од возраста). Јајцата ако не може да се пијат, може да се матат со шеќер, мед, млеко, сокови и др. Важно е да се консумираат пресни. По потреба терапијата се повторува по пауза не поголема од шест месеци. Се чуваат во фрижидер или во картонска кутија. Рокот на употреба на така чувани јајца е 60 дена, а потоа можат да се варат или да се пржат.