Најдобри намирници против мамурлак
Доколку нешто може да се научи од сопствено искуство, тоа е фактот дека пиењето алкохол на празен желудник е многу лоша идеја. За среќа, некои видови храна ќе ви помогнат да го избегнете мамурлакот и да не се опијаните. Постојат неколку корисни намирници, со кои во овие празнични денови ќе останете во форма.
Јогурт – ако се подготвувате за излегување, а прво сакате нешто да изедете, јогуртот е одличен избор, особено во комбинација со житни снегулки и суво овошје, бидејќи овој оброк содржи јаглехидрати, протеини и масти.
Млеко – содржи големи количества калциум, кој се губи со зачестено уринирање. Исто така содржи 90 проценти вода, со што ќе останете хидрирани.
Хумус – особено ако го јадете со суров зеленчук (моркови и краставици).
Лосос – алкохолот може да ви го потроши витаминот Б12, но лососот е богат со овој витамин, како и со важни омега 3 киселини.
Тестенини – пиењето алкохол го менува нивното на гликогенот, брз извор на енергија што се наоѓа во црниот дроб. Јаглехидратите помагаат во задржувањето на чувството на ситост.
Пилешко – храната богата со протеини потешко се вари, а тоа значи дека нивото на алкохолот во крвта побавно ќе се зголемува. Сендвич со пилешко е одличен спој на протеини и јаглехидрати.
Јајца – тие не се само еден од најдобрите лекови против мамурлак туку и најдобра намирница чија консумација може да ја спречи неговата појава. Причина се аминокиселините што помагаат во разградувањето на некои видови алкохол.