Фото: Пиксабеј

Техно

Мал, но важен совет може да го продолжи животниот век на батеријата на вашиот паметен телефон. Иако е вообичаено да се држи полначот на телефонот додека не стигне до 100 отсто, експертите предупредуваат дека тоа не е најдобра практика за батеријата.
Полнењето до 100 отсто ја слабее батеријата. Според електрохемиските експерти, кога батеријата ќе достигне целосно полнење, таа е изложена на повисок напон, кој може да го забрза хемиското менување внатре во ќелиите.
Професорот Дибакар Дута од Институтот за технологија во Њу Џерси објаснува дека таквите промени со текот на времето ја ослабуваат способноста на батеријата да го задржи капацитетот. Анализите покажуваат дека ако ја полните батеријата само до 90 отсто наместо до 100 отсто, нејзиниот работен век може да се зголеми за 10-15 отсто. Идеален опсег е меѓу 20 отсто и 80 отсто. Експертите препорачуваат батеријата да се одржува во опсег од 20 отсто до 80 отсто колку што е можно почесто. Полнењето до 100 отсто треба да биде исклучок, а не правило, освен кога е неопходно.