Техно
Џеф Безос не сака да гледа презентации во Пауер поинт на состаноци, без разлика колку интересни ГИФ или атрактивни фонтови користат неговите вработени. Основачот на „Амазон“ и еден од најбогатите луѓе во светот ја забранил употребата на Пауер поинт на состаноците што ги воделе директорите на „Амазон“, па вработените морале да смислат алтернативни начини за презентирање информации.
Безос испратил е-пошта во која вели дека сака да гледа „добро структуриран“ текст наместо презентации во Пауер поинт. Тој во пораката напишал: „Добро структуриран текст е она што го бараме, а не само текст. Ако некој направи листа со точки во Ворд, тоа би било исто толку лошо како и Пауер поинт“.
– Причината зошто пишувањето добра презентација на четири страници е потешко од „пишувањето“ во Пауер поинт од 20 страници е тоа што наративната структура на писмената презентација поттикнува подобро размислување и подобро разбирање на она што е важно. Презентациите во стилот на Пауер поинт на некој начин дозволуваат идеите да се откријат и да се игнорираат една со друга – рече тој.
Патем, неговиот метод е поткрепен со некои истражувања. Според истражувањето во 2020 година, 58 отсто од канцелариските работници во Обединетото Кралство заспивале за време на презентации во Пауер поинт во 2019 година. На луѓето им се потребни помалку од шест минути да заспијат за време на презентација.