Фото: Пиксабеј

Во текот на жешките летни денови телото станува поподложно на дехидрација, исцрпеност и стрес. Во овој период грижата за вашето здравје не треба да биде само случајна работа, туку нешто на кое треба да му се посвети посебно внимание.
Сепак, честопати немаме доволно време да се посветиме на себе. Во овој виор од секојдневни обврски, лесно забораваме на нашето здравје, но што ако некој друг може да мисли за нас?

Секако, не мислиме на личност, туку на уреди што можат да бидат неуморни помагачи и да се грижат за нашето здравје, дозволувајќи ни да се фокусираме на сите други одговорности. Мислиме на паметните часовници „хуавеи воч 5“ и „хуавеи воч фит про“. Овие паметни часовници се дизајнирани да бидат ваши лични здравствени асистенти. Овие уреди нудат можност за мерење на клучните телесни функции, што е неопходно за следење на одговорот на телото на високи температури во текот на летниот период.

Кога е изложено на топлина, нашето тело се бори да одржи оптимална телесна температура. Во оваа борба се забележуваат скок на срцевиот ритам и мало опаѓање на нивото на кислород во крвта, а може да се зголеми и нивото на хормоните на стрес (како што е кортизолот), што дополнително може да предизвика чувство на нервоза, раздразливост и замор. Исто така, високите температури може да имаат негативно влијание врз квалитетот на спиењето, што дополнително го зголемува нивото на стрес и ја намалува способноста за концентрација. Овие часовници можат да ги следат сите тие промени – од мерења на пулсот до нивоата на стрес и квалитетот на спиењето – и ни овозможуваат да реагираме навремено. Благодарение на супериорната изработка и употребата на премиум материјали, потењето нема да им наштети на овие паметни часовници, но зголеменото потење може да ги исфрли вишокот течности и електролити од нашиот систем, зголемувајќи го ризикот од дехидрација.