Фото: Пиксабеј

Компанијата „Реалме“ го објави лансирањето на телефонот „П4 пауер“ со огромна батерија од 10.001 милиампер, која седум дена не треба да се полни. Овој телефон сериозно би можел да ги помести границите на автономијата и очекувањата на клиентите. Компанијата официјално објави дека новиот модел, „реалме П4 пауер“, ќе пристигне следната недела, а во центарот на вниманието е новата титаниумска батерија со капацитет од 10.001 милиампер.
Премиерата на телефонот е закажана за 29 јануари, потврди компанијата. Се наведува дека тоа е голем чекор напред во развојот на технологијата на батерии, чија цел е да се редефинираат очекувањата кога станува збор за секојдневната мобилна автономија.
Батеријата „титан“ со капацитет од 10.001 милиампер е дизајнирана да понуди автономија што може да трае до седум дена, со стабилни перформанси во текот на целиот животен циклус. Батеријата користи напредна безбедносна архитектура и интелигентни технологии за да ја продолжи издржливоста, за да обезбеди сигурно работење дури и во тешки услови. Врз основа на претходните информации, знаеме дека телефонот ќе има тројна задна камера и 6,78-екран со брзина на освежување до 144 херци. Ќе биде достапен во сина, портокалова и во сребрена боја.