Фото: Пиксабеј

Техно

„Епл“ досега молчеше за интересен додаток на Карплеј што пристигнува заедно со оперативниот систем иОС 26 – наскоро ќе биде можно да се стримува видеосодржина на екранот на автомобилот. Сепак, оваа функција нема секогаш да биде достапна.
Досега, Карплеј беше ограничен само на аудиофункции, од безбедносни причини. Сепак, со доаѓањето на иОС 26, корисниците ќе можат да стримуваат видео преку Еарплеј директно на нивните екрани во автомобилот, но само додека возилото е паркирано.
Програмерите сега имаат на располагање АПИ што ќе им помогне да ја имплементираат новата функционалност во апликациите што го поддржуваат Карплеј, но сè уште не е јасно дали стримувањето видео ќе биде можно и преку апликации развиени од самата „Епл“.
Покрај тоа, Карплеј со новиот иОС добива и други новитети. Интерфејсот за повици ќе биде покомпактен, така што корисникот нема да ја изгуби навигацијата додека зборува. Додадени се и тапбек-реакции (брзи одговори на емотикони), нови виџети за календар и контрола на паметниот дом, како и поддршка за Лајв активиотис – за следење настани во живо, како што се летови или резултати од спортски натпревари.