Фото: Пиксабеј

Техно

Три години откако Европската комисија ја отвори Пандорината кутија наречена Чет контрол, Унијата треба да одлучи дали за првпат ќе воведе задолжително скенирање на приватните пораки на сите граѓани. Застапниците се повикуваат на заштита на децата, а противниците предупредуваат дека зад благородната цел се крие најголемиот систем за масовен надзор во европската историја.
Идејата наречена Чет контрол првпат беше претставена во мај 2022, кога тогашната европска комесарка за внатрешни работи Елва Јохансон претстави регулатива со која би се спречувала и сузбивала сексуалната злоупотреба на деца на интернет.
Критичарите тврдат дека станува збор за најдлабоко навлегување во приватната комуникација на граѓаните во историјата на Европската Унија. Иако предлогот произлегува од неоспорната потреба да се заштитат децата од најтешките форми на злоупотреба, противниците предупредуваат дека во практика тоа значи постојан и задолжителен надзор на сите дигитални разговори. Тоа вклучува пораки, е-пошта, фотографии и видеа на апликации и сервиси како Вотсап, Месинџер, Џимејл и друго.