Фото: Пиксабеј

Техно

Иако можете да го добиете она што го сакате, пиратеријата доаѓа со значителен ризик, особено ако сте неинформирани или не знаете што правите. Со посета на пиратски сајтови и користење одреден софтвер, можете да „закачите“ разни видови малициозен софтвер што може да ја наруши работата на вашиот компјутер или паметен телефон, да ви украде доверливи податоци, да ги преземе вашите сметки, па дури и да ја испразни вашата банкарска сметка.
Сепак, постојат места на интернет што ги собираат луѓето што „пловат по дигиталните мориња под црно знаме“, каде што членовите споделуваат совети меѓу себе за тоа како да ги намалат ризиците од пиратеријата. Еден од нив е потфорумот „Фримидиахекјеа“ на сајтот Редит, кој собра над 200 илјади луѓе. Според нив, ова се пиратските сајтови што треба да се избегнуваат: OceanOfGames; CrackingPatching; IGG / LoadGames; AGFY; AimHaven; SteamUnlocked; GoGUnlocked / ROMsUnlocked; xGIROx; BBR пакувања; Wifi4Games, како и софтверските страници: GetIntoPC / GetIntoMAC; SadeemPC / SadeemAPK; KaranPC; AliTPB / AliPak / b4tman; FTUApps; S0ft4PC / Portable4PC; CracksHash; haxNode; IGI30; MainRepo / Mrepo; AppValley / TutuBox; CNET / Download.com / ZDNET. Тука се и торент-сајтовите: Kickass Torrents; The Pirate Bay / TPB; VSTorrent; uTorrent; BitTorrent / BitComet.
Причините поради кои членовите на оваа група сметаат дека овие страници и софтвери треба да се избегнуваат се различни и вклучуваат: дистрибуција на малициозен софтвер, рекламни софтвери и злонамерни реклами. Најчесто причината е опасност од измама. Се разбира, оваа листа не е целосна и несомнено има огромен број други сајтови и софтвери на интернет што треба да се избегнуваат. Бидете внимателни!