Техно
Инстаграм сега има три милијарди активни корисници месечно, објави главниот извршен директор на компанијата „Мета платформи“, Марк Закерберг. „Мета“ последен пат го откри бројот на корисници на Инстаграм во октомври 2022 г. кога Закерберг рече дека апликацијата надминала две милијарди корисници месечно. „Мета“ во април 2024 година најави дека повеќе нема да открива месечни и дневни бројки на активни корисници за Фејсбук и неговите сродни апликации на тримесечна основа.
Оттогаш „Мета“ секој квартал известува за бројот на дневно активни луѓе што ја користат нејзината фамилија на апликации. Таа бројка достигна 3,48 милијарди во јули, надминувајќи ги процените на аналитичарите од 3,45 милијарди. Со три милијарди корисници месечно, Инстаграм им се придружува на Фејсбук и Вибер. Според зборовите на Закерберг, Фејсбук ја достигна таа бројка во јануари, а Вибер во април годинава.


































