Техно
Инстаграм воведе историја на гледање. Колкупати ви се случило на Инстаграм да ви „избега“ видео? Колкупати сте се обиделе да го најдете, а апликацијата се правела како никогаш да не постоело? На таа агонија ѝ дојде крајот. Инстаграм конечно воведе функција што сите ја баравме: историја на гледани видеа. Веста за ова корисно дополнување ја донесе самиот Адам Мосери, шеф на Инстаграм, кој на својот профил сподели детали за новата функција.
Во кратко видео Мосери објасни дека корисниците сега можат да ја прегледаат листата на сите видеа што ги гледале порано – дури и ако не ги изгледале докрај. Доволно е да ги отворите поставките, да влезете во „ваша активност“, па во „гледај историја“. Ако ги следите овие чекори, таму ве чека преглед на сè што ви поминало низ фидот. Листата можете да ја филтрирате хронолошки, по време или автор, за побрзо да дојдете до она што го барате.
Мосери на крајот порача дека „доаѓаат уште промени“, па изгледа дека Инстаграм подготвува сериозен бран на корисни функции. Се надеваме дека барем ќе бидат корисни како историјата на гледани видеа.

































