Техно
Виралниот тренд на генерирање слики со вештачка интелигенција во стилот на Гибли, поттикнат од најновото надградување на „4o имиџ џенерејшн“ на вештачката интелигенција на ЧетГПТ, предизвика сериозна загриженост за приватноста. Социјалните мрежи се преплавени со зачудувачки и надреални слики создадени од вештачката интелигенција, кои црпат инспирација од препознатливиот стил на „Студио Гибли“ и неговиот основач Хајао Мијазаки. Благодарение на најновото надградување на „Имиџ џенерејшн“ на ЧетГПТ, корисниците сега можат лесно и целосно слободно да создаваат илустрации врз основа на какви било фотографии. Трендот не запира само на пантомими, филмски сцени и иконски клипови – многумина ги претвораат своите и фотографиите на своите семејства во уметност на Гибли.
Сепак, додека интернетот се забавува, експертите за безбедност предупредуваат дека овој феномен носи и ризици. Главното прашање лежи во заштитата на приватноста и како се третираат личните податоци при користење алатки за вештачка интелигенција за генерирање слики. Колку чини генерирањето уметност со вештачка интелигенција и каде завршуваат вашите фотографии?
Платформата за заштита на податоци и дигитална приватност Протон се појави на платформата Икс за да ги предупреди корисниците.
– Откако ќе споделите лични фотографии со вештачка интелигенција, губите контрола врз тоа како се користат, бидејќи тие фотографии можат да станат дел од обуката за нови модели. На пример, тие можат да се користат и за креирање навредлива или вознемирувачка содржина – се вели во соопштението.
Протон исто така наведува дека „многу модели на вештачка интелигенција, особено оние што генерираат слики, користат огромни бази на податоци за обука. Во некои случаи, вашите фотографии или слики што изгледаат како вас, може да се користат без ваша согласност“. Иако некои немаат проблем со споделувањето фотографии на социјалните медиуми, трендот на создавање слики „во стилот на Гибли“ натера многу луѓе да објавуваат фотографии од себе и своите семејства преку „Опен АИ“.