Фото: Пиксабеј

Техно

„Шкода“ најавува интеграција на ЧетГПТ, базиран на вештачка интелигенција, во својот гласовен асистент Лора. Моделите на „Шкода“ базирани на платформите МЕБ ГП и МОБ ЕВО ќе имаат корист од оваа нова опција, која ќе може да пристапи до голема база на податоци за вештачка интелигенција и да чита содржина додека возите. Личните податоци и податоците за возилото се заштитени во секое време. Збогатувањето на гласовната помош на „Шкода“ со вештачка интелигенција ги прави автомобилите уште подобар секојдневен придружник. Возачите и патниците ќе имаат едноставен вербален пристап до светот на знаењето додека се на пат. Интеграцијата на ЧетГПТ во гласовниот асистент Лора е најновиот начин на кој „Шкода“ ја приспособува напредната технологија за да го подобри искуството во возењето.
Новиот четбот ќе се нуди заедно со најновата генерација на инфозабавниот систем од средината на 2024 година. Тој ќе биде достапен во следните модели базирани на платформите МЕБ ГП и МОБ ЕВО, новите „шкода сабрб“ и „кодијак“ и редизајнираната „шкода октавија“.
Гласовниот асистент Лора ќе може да се користи, на пример, за контрола на инфозабавата, навигацијата и на климатизацијата и за одговарање на прашања од општо знаење. Во иднина вештачката интелигенција ќе дава и дополнителни информации. Функциите се едноставни за возачите: гласовниот асистент се активира со ОК, Лора или со соодветното копче на воланот. Ако системот на „Шкода“ не може да одговори на барањето, тоа се препраќа анонимно до вештачката интелигенција. ЧетГПТ не пристапува до податоци за возилото или до лични податоци. Сите интеракции се бришат веднаш по обработката за да се обезбеди највисок стандард за заштита на податоците. Оваа нова функција ќе биде достапна и во другите модели на брендот на „Фолксваген“.