Јапонската влада го одобри барањето за експерименти со матични клетки за создавање животинско-човечки хибриди. Експериментот, кој сè уште бара одобрување од јапонското министерство за наука, ќе создаде животински ембриони што содржат човечки клетки и ќе ги трансплантираат во сурогат-животни. Според истражувачите, целта на експериментот е да се создадат органи што ќе можат да се трансплантираат кај луѓето. Додека други земји експериментираа за создавање човечко-животински ембриони, Јапонија сега е првата земја што поддржува ваков вид експерименти во целост
Јапонската влада го одобри барањето на научниците да се спроведат експерименти со матични клетки за да се создаде животинско-човечки хибрид и да се дозволи оваа практика на национално ниво. Министерството за наука во Јапонија минатата недела им даде привремено одобрување на истражувачи од Универзитетот во Токио да создадат животински ембриони што содржат човечки клетки и да ги трансплантираат во сурогат-животни, објави јапонскиот весник „Асахи Шимбун“.
Овој експеримент ќе создаде човечки панкреас кај глодачи, користејќи човечки клетки предизвикани од плурипотентни матични клетки или попознати како ИПС-клетки. Овие клетки се навистина значајни затоа што можат да се репрограмираат и повторно да се вметнат во ембрионот, при што можат да се користат за создавање на кој било друг вид клетки. Конечно одобрување од министерството се очекува следниот месец, според британското научно списание „Нејчр“.
Според „Асахи“, истражувачите ќе земат оплодени јајца од глодачи на кои им се изменети гените и им е отстранета можноста сами да произведат панкреас. На ова, тие ќе им додадат човечки ИПС-клетки за да создадат хибридни животинско-човечки ембриони. Овие клетки ќе бидат имплантирани во животното што е домаќин, во овој случај стаорец или глушец, и ќе им биде дозволено да растат. Според истражувачите, целта на експериментот е да се создадат органи погодни за трансплантација кај луѓето.
– Конечно, ние сме во состојба да започнеме сериозни студии на ова поле по десет години подготовка. Не очекуваме веднаш да создадеме човечки органи, но ова ни овозможува да го унапредиме нашето истражување засновано на знаењето што го имаме стекнато до овој момент – вели Хиромитсу Накаучи, истражувач на Институтот за медицинска наука на Универзитетот во Токио, според „Асахи“.
Јапонија претходно забрани ваков вид експерименти, но подоцна во март годинава ја врати својата одлука по консултација со експерти. Владата соопшти дека ваквите експерименти можат да се случуваат додека истражувачите преземаат чекори да се спречи раѓањето суштество, кое содржи мешавина од генетика на животните и на човекот. Истражувачите ќе го следат процесот на растење на животинско-човечките хибриди. Затоа, откако ќе се родат ваквите хибриди, доколку во рок од две години се открие дека мозоците во внатрешните растечки животни содржат повеќе од 30 проценти човечки клетки, ќе се стопира целиот експериментот, наведува „Асахи“.
Додека другите земји експериментираа со создавање човечко-животински ембриони, Јапонија сега е првата земја што поддржува вакви експерименти. Научниците во САД експериментирале со хибридни фетуси кај свињи и им дозволиле да се развиваат три до четири недели пред да ги уништат, како што пропишува во американските регулативи за етика.
Остануваат грижите за етичките импликации од ваквите истражувања. Некои биоетичари се вознемирени од можноста човечките клетки да бидат вградени во животни, тие може да влијаат на мозокот или свесноста на животното. Накаучи, истражувачот што го предлагаше експериментот, ја отфрли загриженоста, велејќи дека неговите експерименти се фокусирани на создавање специфични органи, а не на развој на нов вид.
– Ние се обидуваме да целиме кон создавање нова генерација органи, така што клетките одат само на панкреасот – вели тој, пренесува „Нејчр“.
Тој додаде дека во неговите претходни експерименти, бројот на човечки клетки што се израснати во внатрешноста на телата на овци е исклучително мал.
– Бројот на човечки клетки што се израснати во телата на овци е исклучително мал, како еден во илјадници или еден во десетици илјади. На тоа ниво, животно со човечко лице никогаш нема да се роди – вели Накаучи.