Астрономите ја забележале sвездата наречена С5-ХВС1 како забрзува во Млечниот Пат со повеќе од шест милиони километри на час. Тие веруваат дека оваа ѕвезда се исфрла од нашата галаксија откако поминала преблиску до огромна црна дупка во срцето на Млечниот Пат пред околу пет милиони години
Астрономите открија ѕвезда што патува низ Млечниот Пат со приближно шест милиони километри на час. Овие големи брзини се должат на супермасивната црна дупка во центарот на галаксијата. Тимот предводен од Сергеј Копосов од универзитетот „Карнеги Мелон“ ја забележал ултрабрзата ѕвезда наречена С5-ХВС1 што се наоѓа во соѕвездието наречено Грус, користејќи го англо-австралискиот телескоп во близината на Коонабарабран, Австралија, се наведува во студијата објавена во списанието „Месечно известувања од Кралското астрономско друштво“. Со понатамошните набљудувања со сателитот Гаја на Европската вселенска агенција се откри дека ѕвезда се движи десетпати побрзо од повеќето sвезди во галаксијата и е во насока да го напушти Млечниот Пат засекогаш.
– Брзината на откриената ѕвезда е толку голема, што неизбежно ќе ја напушти нашата галаксија и никогаш нема да се врати – се вели во соопштението на Даглас Бусберт, коавтор на студијата од Универзитетот во Оксфорд, САД.
Овие видови ултрабрзи sвезди беа откриени пред околу две децении, а астрономите знаат само за неколку примери. Таканаречените хипербрзи sвезди патуваат со доволно голема брзини за да излезат од галаксијата и да го надминат нејзиното силното гравитациско влечење. За да може ова да биде можно, овие sвезди мора да се забрзаат до екстремно високи брзини од страна на неверојатно големи објекти. Според хипотезата предложена пред околу 30 години, супермасивните црни дупки, како онаа што се наоѓа во центарот на Млечниот Пат, би можеле да овозможат ваков подвиг ако некој ѕвезден систем би се приближил премногу до една ваква дупка. Во овој случај, црната дупка би проголтала една од sвездите и би ја исфрлила со голема брзина. Овој процес е познат како механизмот на Хилс.
Преку анализирање на брзината и оддалеченоста на sвездата од Земјата, која има релативно „блиска“ оддалеченост, околу 29.000 светлосни години, астрономите пресметаа дека патувањето на С5-ХВС1 започнало во центарот на Млечниот Пат, кој е домаќин на супермасивна црна дупка, позната како Стрелец А.
– Ова е навистина возбудливо нешто, бидејќи долго време се сомневавме дека црните дупки може да исфрлаат sвезди со многу големи брзини. Сепак, никогаш порано немавме ваков пример за толку брза ѕвезда во Галактичкиот центар. Мислиме дека црната дупка ја има исфрлено ѕвездата со брзина од илјадници километри во секунда пред околу пет милиони години. Ова исфрлање се случило во времето кога предците на човештвото учеле да одат на две нозе – се вели во соопштението на Копосов, како што наведува „Њусвик“.
Истражувачите велат дека оваа студија обезбедува прва јасна демонстрација на механизмот Хилс во акција во центарот на галаксијата.
– Гледањето и набљудувањето на оваа sвезда е навистина неверојатно нешто, бидејќи знаеме дека се формирала во галактичкиот центар, место многу различно од нашето локално опкружување. Таа е посетител од една чудно место – рече Тинг Ли, друг автор на студијата од опсерваторијата „Карнеги“ и универзитетот „Принстон“, се вели во изјавата.