Со новите верзии на „Плејстејшн“ и на „Икс бокс“ ветуваат дека ќе ги повлечат екраните за вчитување

„Мајкрософт“ го откри својот нов „Икс бокс“, со кодно име „проект скарлет“. Конзолата има огромен спектар на подобрени спецификации кои ќе им овозможат на игрите да го отстранат времето за вчитување, како и да даваат огромни перформанси, тврдат од „Мајкрософт“ за „Индипендент“. Се прогнозира дека новата конзола ќе пристигне во летниот период во 2020 година. Тоа значи дека би можело да има датум за пуштање во кое било време пред крајот на годинава.

Новата конзола ќе има процесор што е четири пати помоќен отколку на „Икс бокс оне“. Ќе поседува ССД-хардиск за складирање на податоци, вклучувајќи и „ГДДР 6 СДРАМ“. Конзолата ќе работи со високи перформанси или за 40 пати побрзо од сегашниот „Икс бокс“, велат од „Мајкрософт“. Програмерите, исто така, велат дека конзолата ќе им дава можност на гејмерите да се поврзат преку уреди и други платформи, но и играње на игри од претходната генерација на „Икс бокс“. АМД и „Мајкрософт“ го дизајнираа процесорот за „проектот скарлет“. Овој процесор ја користи новата „АМД Зен 2“ и „Нави“ технологија. Од „Мајкрософт“ тврдат дека „АМД Зен 2“ технологијата е четири пати помоќна од „Икс бокс оне“, процесорот и нејзината новонајавена „Радеон РДНА“ графичка архитектура. Хардверот во новата конзола ќе овозможи резолуција и фрејмови на слика што досега никогаш не се видени, велат од „Икс бокс“. Новата конзола ќе има поддршка за хардверско забрзување на следењето на зраците во реално време, графичка функција која овозможува многу автентични ефекти на осветлување и сенки, како и 8K-резолуција и 120 фрејмови во секунда.

Како „Мајкрософт“ така и „Сони“ укажува на хард дискот во новиот „Плејстејшн 5“, тврдејќи дека ќе има значително зголемена брзина за вчитување и впишување на уредот, кој ќе им овозможи на игрите да се играат многу побрзо. Најавите за „проектот скарлет“ можно е да се поттикнати од претходно најавениот „Плејстејшн 5“ од „Сони“.
„Мајкрософт“ соопшти дека новата конзола е дел од својата широка стратегија за „Икс бокс“, која има за цел да им овозможи на луѓето да играат заедно во каква форма сакаат. Сугерираше дека новата конзола ќе може да ги поврзе гејмерите на постарата конзола, но исто така дека ќе има хардвер изграден за да ја поддржи својата стратегија „проект икс клауд“, која има за цел да им овозможи на луѓето да проследат игри преку Интернет од каде и да се.


„Сони“ и „Мајкрософт“ од неодамна направија пакт за соработка

Интересен податок е што од неодамна „Сони“ го претстави „клауд“ гејминг пактот со конкурентската корпорација „Мајкрософт“. Оваа новина ја изненади целата играчка индустрија. Никој не беше повеќе шокиран од вработените во „Сони плејстејшн“, кои поминаа речиси две децении во борбата против американскиот софтверски гигант „Мајкрософт“ за маркетот на конзола за видеоигри, кој произведува 38 милијарди американски долари.

Побрзи интернет-брзини почнуваат да дозволуваат да се играат игри од далечина, без потреба од локална машина. Тоа е закана за „Плејстејшн“, која генерира една третина од профитот на „Сони“. „Мајкрософт“ се соочува со сличен ризик, но тој има втора по големина „клауд“ услуги, што значи има стратегиски одговор. Другите водечки провајдери „Гугл“ и „Амазон“ градат свои „клауд“ игри и услуги. Сфаќајќи го ова, главниот извршен директор на „Сони“, Кенчиро Јошида, е принуден да соработува со стариот непријател.

– „Сони“ се чувствува загрозен од овој тренд и од моќниот „Гугл“, и одлучи да ја напушти својата мрежна инфраструктура во изградбата на „Мајкрософт“. Зошто би спиеле со непријателот, освен ако не се чувствуваат загрозени? – вели стратегот за асиметрични советници, Амир Анварзадех, за „Блумеранг“.