Едноставен крем што е многу ефикасен и здрав. Потребни ви се само две едноставни состојки, кои веројатно веќе ги имате во вашата кујна. Тоа се мед и цимет.
Приготвување и начин на употреба: измешајте една лажица цимет и една лажица мед (медот секогаш земајте го со пластична лажица, за да не ги изгуби лековитите својства). Само нанесете ја смесата на саканото место и оставете ја 30 минути.
Ако го нанесете кремот на лицето, оставете да дејствува 10 минути и потоа измијте го лицето со топла вода. Користете го еднаш дневно неколку дена и ќе забележите одлични резултати – помазно лице со многу помалку брчки и намалени лузни.
Овој крем се прави за само 10 секунди и е сосема безбеден, па немате изговор за да не го пробате.