Нега и убавина
Козметичките третмани како ботокс и хијалуронската киселина можат да направат чуда на лицето, а најдобрите хирурзи денес можат да постигнат резултати против стареење што изгледаат сосема природно. Меѓутоа, доколку сакате да го освежите изгледот без да одите под нож, постојат одлични алтернативи. Д-р Ентони Јун, познат како „холистички пластичен хирург“, ги споделува своите совети за подмладување без инвазивни методи. Станува збор за четири нехируршки третмани што нема да ви го испразнат паричникот.
Ретиноиден крем – чудо против стареење: Д-р Џун ја нагласува ефикасноста на ретиноидниот крем, кој се користи за акни, темни дамки и брчки. Ретиноидот го забрзува процесот на ексфолијација, отстранувајќи ги мртвите клетки од површината на кожата и дозволувајќи им на новите клетки да излезат на површината.
Интензивна импулсна светлина (ИПЛ) за сјајна кожа: За да се отстранат дамките од сонцето и да се постигне сјајна кожа, д-р Јун препорачува третмани со ИПЛ-терапија. Овие третмани се одлични за отстранување на несаканите дамки од сонце, а исто така се поевтини од повеќето традиционални ласери.
TCA хемиски пилинг за длабоко обновување на кожата: Еден од омилените третмани на д-р Џун е TCA-пилингот, кој помага при брчки, линии, промена на бојата и неправилности. Резултатите од TCA-пилинг со средна длабочина може да се споредат со одредени фракциони ласери, но тие се далеку поевтини.
Автофагијата подмладува однатре: Автофагијата моментално е многу популарна поради нејзините здравствени придобивки, но има и козметички придобивки против стареење. Автофагијата е форма на внатрешна регенерација на клетките. Тоа е процес со кој телото ги отстранува истрошените и несакани клеточни органели и протеини, создавајќи простор за подобра функција на клетките.